Skip to main content

Српски таблици, бугарски документи, еден македонски бегалец од затвор

Вчера во 12.00 часот кај место викано „Миратовачки пат“ во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и од Мобилната единица компезаторни мерки при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Џ.С.(32 ) од Гевглија, кој бил баран поради бегство од казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде што издржувал затворска казна.

При преглед во возилото „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, во кое се превезувал, тој на увид на полициски службеници им дал бугарски документи за идентификација, за кои подоцна било констатирано дека се фалсификувани. Исто така, по дополнителни проверки, било утврдено дека тој бил во бегство од затворот во Гевгелија. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, соопшти МВР.

Поврзани вести