Skip to main content

Kaква ноќ во ЛШ: Испаднаа и Сити и Јувентус

 Холандски ПСВ е последниот патник во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, откако вечерва со триумф по продолженија од 3-1 на домашен терен го елиминираше италијански Јувентус.

ПСВ успеа да ја надомести негативата од 1-2 од првиот натпревар во Торино и со голот на Фламинго во 98 минута го завери пласманот меѓу осумте најдобри екипи.

Перишиќ го доведе ПСВ во водство во 53 минута, а само десет минути подоцна Јувентус израмни преку Веа. Натпреварот во продолженија го однесе Саибари, кој беше прецизен во 74 минута.

Претходно вечерва пласман во осминафиналето обезбедија Реал Мадрид, ПСЖ и Борусија Дортмунд, приклучувајќи им се на Феенорд, Клуб Бриж, Баерн Минхен и Бенфика.

Поврзани вести