Skip to main content

Николоски: Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, истакна во Охрид при посетата на „Костал“, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според информациите кои ги имаме од Државниот завод за статистика – минатата година ќе биде рекордна за Македонија по инвестиции, ќе надмине една милијарда евра. Не само со нови инвестиции, туку и со проширување на веќе постојните. Тоа е нешто што ќе продолжиме да го протежираме како влада и ќе се трудиме оваа поддршка да продолжи – посочи Николоски.

Заменик претседателот на Владата и министер Николоски, во охридски Костал присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.

Поврзани вести