Skip to main content

Нетанјаху: Го поддржувам планот на Трамп да создаде поинаква Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште еднаш ја отфрли опцијата палестинските власти да ја преземат контролата врз Појасот Газа, а во исто време ја истакна својата поддршка за планoт на американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на крајбрежната енклава уништена од војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас, јави ДПА.

Токму каков што е мојот став, ден по завршувањето на војната во Газа, таму нема да има ниту Хамас, ниту палестинска управа. Го поддржувам планот на американскиот претседател Трамп да создаде поинаква Газа“, изјави Нетанјаху.

Трамп предложи речиси два милиони жители на Појасот Газа да бидат раселени во соседните земји, а опустошените крајбрежни територии да станат „Ривиера на Блискиот исток“.

Поврзани вести