
🆙Спортска сабота, полна со адреналин!
🏀Без двоумење ја прифатив поканата на градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов заедно да го проследиме кошаркарскиот спектакл помеѓу скопски МЗТ и гевгелиски Кожув. Во друштво на Дејан Митески градоначалникот на Аеродром, мојот колега Борко Ристоски, Министер за спорт, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев како и Филип Ѓоревски извршниот директорот на МЗТ Скопје Аеродром ја заокруживме завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија, а со искуството на МЗТ Скопје и енергијата на домашната публика на Кожув се создаде незаборавна атмосфера.
✅Вистински празник за вљубениците во кошарката, празник за општините што активно ги поддржуваат своите спортски клубови.
☑️Спортот обединува, носи заедништво, емоции и возбуда, и ова финале е одлична можност да го прославиме спортскиот дух на натпреварувањето, објави на Фејсбук, министерот за локална самоуправа, Златко Перински.