Во замена за ослободениот Марк Фогел од руски затвор, САД го ослободуваат специјалистот за информатичка технологија, Александар Виник.
Како што објави „АБЦ уз“, повикувајќи се на американски официјален претставник, рускиот информатичар добива ослободувае во замена за Американецот, кој работеше во американската амбасада во Русија.
Фогел беше уапсен поради пронајдена марихуана кај него. Виник, пак, е милијардер и експерт за криптовалути кој е осуден за наводно перење четири милијарди долари.
Русија се бори за Виник од неговото апсење во Грција во 2017 година на барање на САД. Тој беше екстрадиран прво во Франција, а потоа во САД. Според медиумите, Виник контролира паричник со 80 илјади биткоини, осносно околу 7-8 милијарди долари.