Skip to main content

Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.

Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации – рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада.