![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/hamas-zaloznici-960x575-1.jpg)
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац изјави дека најавата на Хамас дека ќе запре со ослободувањето на заложниците е кршење на договорот за прекин на огнот во Газа.
Тој нареди војската да биде на највисоко ниво на готовност во Газа.
Повеќе заложници требаше да бидат ослободени в сабота во замена за десетици палестински затвореници како дел од договорот за прекин на огнот што стапи во сила на 19 јануари.
Претходно денеска, портпаролот на Хамас Абу Обеида рече Израел го прекршил договорот и поради тоа дека нема да бидат ослободени други заложници до понатамошно известување.
Имаше пет размени на заложници и затвореници во текот на првата фаза од тековниот прекин на огнот. Тројца заложници беа ослободени минатата сабота.