Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој беше еден од најследените на Балканот, е затворен.
Нејзиниот профил беше многу влијателен, со над два милиони следбеници, но сега веќе не е достапен. Причината за исклучувањето на профилот засега е непозната, но ова дефинитивно привлече големо внимание во јавноста.
Нејзините следбеници сега се збунети и се обидуваат да ги дознаат причините за исчезнувањето на нејзиниот профил, а Карлеуша се уште не ја коментирала ситуацијата.