Skip to main content

Полицијата од кумот Гоце првпат разбрала дека „цитроенот“ бил на исчезнатиот велешанец?

Сведокот Гоце Трајковски, денеска на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд во Скопје раскажа како течела потрагата по девојчето во која тој се вкучил со обезбедување на снимки од околните објекти.

Се јавив кај другар што работи во „Сејф сити“ и да ми провери дали Вања преку „Илинденска“ замиинала во Градски парк. Мислев да не се скарала со дечко, рече Трајковски.

Другарот од „Сејф сити“ му кажал дека ја нема на сниките кај Град Скопје, кај Влада и кај хотел „Парк“.

Сите во полицијата се чуделе, девојчето како да било земено со хеликоптер. Тоа лице е јунак во овој случај, сите земаа награда само тој не зема, вели стариот кум на таткото на Вања.

Трајковски беше прашан како тоа лице ги гледало камерите и дали има овластување.

Тој не ми ги даде снимките туку само ми кажа дека го нема девојчето оти ги гледал во реално време, раскажа Трајковски.

Од гледањето на снимките Гоце и Александар правеле и скриншот од сите автомобили што минувале во близина во периодот кога Вања требало да излезе од дома.

Чудно ми беше што од сите коли „цитроенот“ димеше и возеше десет на час. Беше тазе запалена и стаклата беа замаглени. Другите коли кои поминуваа возеа, нормално и возеа со иста брзина додека само „цитроенот“ „лазеше“. Александар рече дека Вања нема шанси да се качи во ваква кола. Подоцна пак ми се јави другарот од „Сејф сити“ и ми вика; Ти си ненормален, кај го најде „цитроенот“, го бараме три дена и е од исчезнатиот велешанец“, раскажува тој.

Гоце ништо не знаел за „цитроенот“ и другарот му кажал само: „Напиши на интернет Панче Жежовски“. На една од објавите стоел оглас дека се продава таков „цитроен“ и на сликата ја имало и регистарската ознака.

Поврзани вести