Skip to main content

Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора

Граѓанската група Алтернатива, организатор на бојкотот за купување во Црна Гора, ги повика граѓаните денеска и утре да не одат во големите супермаркети, за да ги принудат нивните сопственици да ги намалат цените.

Ги повикуваме сите граѓани на Црна Гора да не купуваат ништо во мегамаркетите на 7 и 8 февруари. Ако мора да набавите основни намирници, купете ги на мали, локални пазари. Да ги поддржиме оние кои се со нас, а не оние кои не ограбуваат! Ова е гласот на народот, напишаа на Фејсбук.

Најавија дека в понеделник ќе донесат одлука кој трговски синџир ќе го бојкотираат седум дена.

-Одлуката ќе ја донесат граѓаните преку анкета, стои во објавата на Алтернативата на Фејсбук.

Поврзани вести