ВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Ј.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.07.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, а на 06.07.2024, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.03.2024, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.М.(26) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.12.2024 во Македонска Каменица, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што во негова близина била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.С.(43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.10.2024 на бензинска пумпа во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ,,фолксваген голф’’ со струмички регистерски ознаки, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.