Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откри дека започнал со состаноци со општинските комитети на партијата.
Во пресрет на локалните избори најавени за на есен, Мицкоски одговори на новинарско прашање за можна коалиција со ВРЕДИ и ЗНАМ.
Претстојат низа средби со претставници на месните комитети, унијата на жени, унијата на ветерани… Се консолидира нашата коалиција “Твоја Македонија”. Во меѓувреме очекувам да се отворат разговори и со нашите владини партнери ВРЕДИ и ЗНАМ. Природно е да се постигне договор за заеднички настап, во одредена форма – истакна Мицкоски.