Skip to main content

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во северна Италија

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на градот Парма во северна Италија, јавија локалните медиуми, пренесува Anadolu. Се верува дека несреќата е предизвикана од грешка на пилотот поради густа магла или механички дефект.

Меѓу жртвите се двајца пилоти и Лоренцо Ровањати, шеф на италијанската компанија Ровањати, која произведува различни сувомеснати производи.

Италијанската управа за цивилно воздухопловство започна истрага, а државното обвинителство во Парма нареди испитување на црната кутија на хеликоптерот.

Поврзани вести