Skip to main content

Дали заврши евтиното време на Тему и Шејн: Беснее царинската војна меѓу Трамп и Си, американската пошта засега нема да прима пакети од Кина

Американската Поштенска служба објави дека привремено и до даљнег нема да прима пакети од Кина и Хонконг, а тоа е објавено во време кога започна царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.

Сите граѓани ги обожаваат Тему и Али експрес поради евтините производи и брзата испорака. Но, новите царински правила на администрацијата на Трамп може значително да го променат тоа.

Имено долготрајната политика de minimis, која им овозможуваше на извозниците да испраќаат пакети до 800 долари без царина, е изменета. Оваа одлука е директен удар за гигантите како Шејн, Тему и Али експрес, бидејќи речиси половина од сите испорачани пакети во САД потекнуваат од Кина.

Новите мерки ќе го зголемат времето за испорака и цените на производите. Според Кларк Пакард, истражувач во Като Трејд, „ако се проверува секој пакет, тоа драстично ќе ги зголеми трошоците за потрошувачите“.

За да го ублажат ударот компаниите како Тему, Шејн можат да ги прошират своите магацини во САД за да избегнат директен царински удар.
Американските регулатори размислуваат дали да ги додадат овие компании на списокот на ентитети кои користат „принудна работа“.
Акциите на матичната компанија на Тему, паднаа за 6%, што резултираше со загуба од над 9 милијарди долари.

Новите царински правила на САД би можеле трајно да го променат начинот на кој се купува од овие платформи. Цените може да се зголемат, а испораките да станат побавни, што ќе ги натера потрошувачите да бараат алтернативи.

Поврзани вести