Skip to main content

Изложбата „Балканска Геометрија“ од Милош Милосављевиќ од вечерва во КИЦ-Скопје

Вечерва, во галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на дела од нашиот истакнат уметник Милош Милосављевиќ, насловена како „Балканска Геометрија“.

Ѕидови како граници, но и сведоци на историјата.
Во своите дела, Милош Милосављевиќ преку прецизни линии и слоевити бои ја истражува синтезата на различни култури и наследството на Балканот. „Балканска геометрија“ e циклус слики кои визуелно го доловуваат судирот на традицијата, политиката и општествените промени.

Изложбата ќе биде отворена до 15 февруари.

За авторот:
Магистрирал на ФЛУ Скопје, професор и декан на Факултетот за дизајн и мултимедија (АУЕ ФОН).
Добитник на наградата за сликарство „Златен лист“ (2024).

„Преку геометриски форми, ритам на бои и динамика на линии, уметникот ја доловува несигурноста, убавината и комплексноста на Балканот.“ – Радмила Лазаревиќ, Виш кустос на Галеријата на Народниот Музеј во Ниш.

Не ја пропуштајте оваа уметничка вечер во МКЦ!

Поврзани вести