Skip to main content
111WkYibqZ0

Нова песна и спот на ДНК: Панчо и Андреј ви велат „Фала”

Пред два дена Панчо и Андреј преку социјалните мрежи го најавија нивниот најнов музички проект. Јавноста беше изненадена од видеото кое беше споделено, бидејќи на него се појавуваат дваесетина јавни личности и сите од нив кажуваат само еден едноставен збор – „фала”.

Причина за ваквата кампања е всушност најновата песна на музичкото дуо ДНК. Нејзиниот наслов е токму тој – „Фала”.

Она што е важно да се потенцира е тоа што станува збор за песна која по својот стил потсетува на звукот од 2000-те години. Како и претходните песни, така и на оваа како автори се потпишува незаменливиот тандем Панчо и Лазар Цветковски. За потребите на „Фала” се сними видеоспот, во кој покрај Андреј и Панчо се појавува и кумановката Теа Ѓоргиевска. Екипата која го снимаше спотот се добропознатите Огнен Шапковски и Кристијан Теодоров, а истиот се снимаше во хотел „Лимак” во центарот на Скопје.

Поврзани вести