Skip to main content

Ердоган и новиот сириски претедател Шара во Анкара разговараа за чекори против Курдите

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и назначениот сириски бунтовнички претседател Ахмед ал-Шара во вторникот во Анкара разговараа за чекорите што треба да се преземат против курдските милитанти во североисточна Сирија, изјави Ердоган за медиумите.

На заедничката прес-конференција во Анкара, Ердоган рече дека Турција е подготвена да му помогне на новиот врв на Сирија воден од сунитските исламистички групации во борбата против Исламската држава, со кои порано беше сојузник, и силите на курдското малцинство во Сирија.

Ердоган, исто така, рече дека верува оти „доброволното враќање на сириските мигранти ќе се забрза бидејќи Сирија ќе стане постабилна“.

Вети дека Турција ќе продолжи да притиска за укинување на меѓународните санкции за Сирија воведени за време на владеењето на поранешниот секуларен претседател Башар ал-Асад. Ердоган додаде дека е „важно арапските и муслиманските земји да ја поддржат новата влада во Дамаск, финансиски и на други начини, за време на периодот на транзиција“.

Шара рече дека неговата влада бара „стратешко партнерство“ со Турција и го покани Ердоган да ја посети Сирија, бидејќи односите меѓу двата соседа продолжуваат да се затоплуваат.

Работиме на изградба на стратешко партнерство со Турција за да се соочиме со безбедносните закани во регионот и да гарантираме континуирана безбедност и стабилност за Сирија и Турција“, рече Шара.

Анкара ги прекина врските со Дамаск во 2011 година по избувнувањето на сириската граѓанска војна поддржана одсунитските блискоисточни монархии и Западот, за време на која ги поддржуваше бунтовниците кои сакаа да го соборат Асад. Владата на Асад повеќепати ја обвини тогаш Анкара дека преку свои агенти уфрлени во градовите со сунитско мнозинство врши злоторства и убиства со кои беше поттикнат бунтот против владејачката социјалистичка БААТ партија.

За време на неговата посета на Турција, Шара разговараше и за економските врски, бидејќи турските транспортни и производствени компании размислуваат за големи планови за проширување на Сирија во обид за тројно зголемување на трговијата, очекуваат некои.

Поврзани вести