
Француската актерка Жилиет Бинош ќе претседава со жирито на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 13 до 24 мај, соопшти организаторот.
Бинош (60) ја наследи режисерката на „Барби“ Грета Гервиг, која претседаваше минатата година, пренесува Ле Монд.
Актерката, која во 2010 година ја освои наградата за најдобра актерка на Канскиот фестивал за филмот „Copie conforme“ на Иранецот Абас Кјаростами, е една од најпознатите француски актерки во светот.
Таа е исто така една од ретките Французинки што добиле Оскар, за најдобра споредна женска улога во 1997 година за филмот „Англискиот пациент“.
За време на нејзината кариера, таа работеше со Жан-Лук Годар, Кшиштоф Кишловски, Дејвид Кроненберг и други режисери.