Skip to main content
Според американска истражувачка новинарка Мериса Хансен

УСАИД го кеширал Сорос за соборување на власта во Македонија и поддршка на левичарски агенди

Американката агенција за меѓународен развој УСАИД давала пари на фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос со кои се влијаело на политиката во Македонија и се поддржувале левичарски агенди.

Ова тврдење според кое финансирањето се случувало во времето вториот мандат на Обама до 2016 година го објавува американската истражувачка новинарка и интернет личност Мериса Хансен на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

,,УСАИД даде речиси 15 милиони американски долари на Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос само во последните четири години на функцијата на Обама, која спроведува обемна работа во регионот на Западниот Брег/Палестина – сепак финансирањето беше првенствено за операциите на Сорос во Албанија и Македонија.”

Според веб-страницата на УСАИД, агенцијата дала над 18 милиони американски долари на програмата на Институтот отворено општество од 2005 до 2012 година, која работи на Западниот Брег, која се обидела да ги смести потенцијалните палестински докторанти на партнерските универзитети во Соединетите држави со откажана или намалена школарина”, пишува Хансен која пренесува тврдења според кои Сорос, преку неговите Фондации Отворено општество, влијаел на македонската политика, особено со тврдењата за финансирање насочени кон поддршка на левичарските политички партии или агенди.

,,Ова влијание беше искористено за поттикнување политички немири или притисок за промена на режимот, особено за време на политичката криза во Македонија околу 2015-2017 година.

Во март 2017 година, писмо до државниот секретар Рекс В. Тилерсон, шестмина американски сенатори го повикаа секретарот да ги истражи односите меѓу УСАИД и фондациите на Сорос и како американските даночни долари ги користат Стејт департментот и УСАИД за поддршка на левицата – политички групи од центарот кои се обидуваат да наметнат левичарски политики во земји како Македонија и Албанија”, пишува Хансен.

Со одлука на претседателот Трамп на 90 дена се прекинати сите проекти на УСАИД низ светот, за кои најмногу кукаат невладините организации, а не слушнавме плач од училишта, општини, државни институции или приватни компании.

Во Македонија се запрени голем број на невладини проекти вредни над 10 милиони долари за 2024 година.

Поврзани вести