Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, треба да стане нов министер за финансии на Норвешка, како дел од реконструкцијата на владата што премиерот Јонас Гар Сторе ќе ја објави денеска, јави јавната телевизија НРК.
Столтенберг беше лидер на Лабуристичката партија и премиер на Норвешка неколку години, пред да ја извршува функцијата генерален секретар на НАТО од 2014 до 2024 година.
Сторе ја презеде функцијата лидер на Лабуристичката партија по Столтенберг.