Skip to main content

Лидерката на АФД, пред изборите во Германија ќе оди во Будимпешта на средба со Орбан

Лидерката на германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД), Алиса Вајдел, следната недела треба да се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Вајдел, кандидатката на АФД за канцеларка на претстојните избори во Германија, на платформата Х, ја потврди информацијата дека ќе го посети Орбан.

Ви благодарам за поканата, премиере Виктор Орбан. Со нетрпение очекувам да се сретнам со вас“, напиша таа.

Орбан претходно за швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ изјави дека средбата ја побарала Вајдел.

АФД може да добие 20 отсто од гласовите. Ако лидерката на партијата сака да разговара со мене, зошто јас да одбијам? Ако германскиот канцелар Олаф Шолц го сакаше истото, јас би го прифатил и него. Но, ова не е итна опасност“, изјави Орбан.

Портпаролот на АФД, Даниел Тап, соопшти дека Вајдел ќе патува во Будимпешта на средба со Орбан помеѓу 11 и 12 февруари.

Поврзани вести