Skip to main content

Обвинителството тврди дека Палевски го возел „кангуто“, а до него е Велибор Манев

До 9 часот и 30 минути Вања веќе била убиена и „цитроенот“ запален. Ова денеска го презентираше Обвинителството на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кое беа презентирани снимки од траекторијата на двете возила со кои беше извршено грабнувањето на девојчето.

На снимките од Прочистителната станица во село Бразда се гледаат двете возила како се движат откако го извршиле убиството на Вања и се упатуваат на местото каде подоцна е запален „цитроенот“.

Во 9 часот и 8 минути минува а после него и „цитроенот“.

Во 9 часот и 28 минута се забележува дека минува само „кангуто“, но не и „цитроенот“. Оваа снимка потврдува дека неколку минути претходно „цитроенот“ бил запален.

На враќање „кангуто“ се враќа преку Чаир и Битпазар до седиштето на партијата Десна, а обивинителката Јосифовска тврди дека со возилото управува Палевски а до него седи Велибор Манев.

На ова приговараше адвокатот на Палевски кој рече дека во возилото не се гледа дека е неговит штитеник.

Поврзани вести