Средба во Театар Комедија со соработниците кои го истражуваат периодот од 1965 година до денес – период од 60 години активен театарски живот во театарот со денешно име Театар Комедија. Во богатата историја, која последниве тринаесет години ја испишува Театар Комедија, својот оган го распламтиле плејада уметници, својата радост ја искажале милиони посетители, се поклониле илјадници творци од Операта и балетот, Македонскиот народен театар (Театар Центар), Албанскиот театар, Турскиот театар, бројни гостувања од Македонија и од странство и ансамблот на Театар Комедија. Испишуваме историја. На 19 февруари годинава навршуваат 60 години од првата премиера во храмот на театарот, преставата ,,Колумба“ од Жан Ануј, во режија на Димитар Ќостаров. Тимот составен од Јелена Лужина, Тодорка Балова, Владимир Десков, Ивана Каранфиловска и Никола Николовски ви најавуваат временски и естетски пресек за богатата историја на раскошните 60 години театар. Ве покануваме на 19.2.2025 во 12:00 часот во фоајето на Театар Комедија. За сите нив, за нас, за трајните вредности.