Skip to main content

Се подготвува 4. издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ кој се одржува во рамките на „БитФест“

Културен и информативен центар-Битола почна со подготовките на четвртото издание на фестивалот на битолска серенада „Ех таа серенада“ кој се одржува во рамки на манифестацијата „БитФест“.

Организаторот денеска објави јавен конкурс кој ќе биде отворен до 1 април, до кога се очекува понуда, а потоа и избор на 20 нови композиции кои треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз.

-Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди. Изборот на композициите при селектирањето и избор на делата има комисија назначена од КИЦ Битола, соопштија организаторите на фестивалот.

Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 10.000 денари за текст, 10.000 денари за музика и 10.000 денари аранжман, а изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.

Mузичкиот настан се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари и се одржи во Офицерски дом.

Поврзани вести