Skip to main content
wENj3M0aFac

Мицкоски: Оправдан е револтот на граѓаните, го поддржувам протестот за Фросина – згрозен сум од политичарите некрофили

Апсолутно е оправдан револтот на граѓаните и тука нема дилема. Ова е граѓански протест и го подржувам, истакна премиерот Христијан Мицкоски, во врска со денешниот протест, по трагичната несреќа во која загина Фросинa Кулакова.

-За жал прерано згасна еден млад живот поради еден дивјак, кој се однесувал дивјачки низ главниот град. Згрозен сум од политичарите некрофили, рече Мицкоски и додаде:

„Оправдан е револтот на граѓаните и тука нема дилема. Еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем кој треба да детектира вакво дивеење по булеварите и улиците насекаде низ државата. И знам дека МВР го спроведува тоа и наскоро ќе имаме таков систем кој ќе санкционира. Тоа мора да се случи без разлика на политичките куршуми“.

За судството рече дека се надева оти судско-обвинителскиот систем ќе се ослободи од канџите на политичарите и дека ќе судат според закон, а ќе спречат вакви појави.

Лицето е приведено и одреден е притвор од 30 дена.

Поврзани вести