Skip to main content

Аплаузи и детски насмевки го исполнија МНТ: Вистинска анимирана магија на премиерата на „Лефти и Рајти си најдоа дом“

Вчера се случи премиерата на краткиот анимиран филм “Лефти и Рајти си најдоа дом” во МНТ во два термина, со цел да може што повеќе деца да го видат овој визуелен и аудио спектакл.

Долгата редица од деца и родители пред Македонскиот народен театар беше празник за очи.1000 деца трпеливо чекаа да влезат и да пропатуваат со јунаците на филмот кои се всушност облеки. Истите тие јунаци – блузата Лефти, панталоните Рајти, јакната Јасна, фустанот Роза потоа оживеаја на сцена и приредија незаборавно доживување.

По проекцијата на филмот, во мјузиклот настапија над 10 актери, и 50-ина учесници од “Театар за Тебе” и студио “Балерина”. Кореограф е Кала Каровска, костимот е на Антонија Гугинска, а сето ова го изрежира Бојан Трифуновски.

Детските очи полни со возбуда и радоста што ја шират – е награда која задоволува после целата макотрпна работа која обедини сликовници, филм, музика и театар на едно место”, Нена Гиевска, продуцент.

Филмот е во продукција на зАнимација продукција и е поддржан од Агенција за филм. Истиот продолжува да се прикажува во Синеплекс.

Поврзани вести