Skip to main content

Најавен четиридневен штрајк на аеродромите во Париз пред Божиќ

Два синдикати на вработените во компанијата „Аеродроми во Париз“ (ADP), која управува со главните аеродроми во парискиот регион, денеска повикаа на штрајк за време на првиот празничен викенд кон крајот на декември, барајќи зголемување на платите.

Синдикатите CGT Aeroports и FO Aeroports соопштија дека повикуваат на прекин на работата од четврток, 17 декември, во 5 часот наутро, до недела, 20 декември, на полноќ, пренесува „Фигаро“.

Двата синдикати бараат зголемување од 20 проценти на надоместокот за превоз на вработените, исплата на бонус за гориво во износ од 1.000 евра, како и вработување нов кадар за пополнување на испразнетите работни места.

Поврзани вести