
Синоќа на сцената на Македонскиот народен театар „Црно злато“ на Дејан Дуковски ја доживеа својата премиера.
Десетта премиера на Дуковски во МНТ, црна комедија за семејството, минатото, парите и илузиите од кои понекогаш е невозможно да се избега.
Во режија на Слободан Унковски, со извонредна актерска екипа: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска, Гораст Цветковски и Аксел Мехмет, „Црно злато“ отвора ново поглавје во македонската драматика, посветено на големиот учител Горан Стефановски.
Авторот, режисерот и сите кои го создадоа ова сценско дело вечерва добија опиумски аплауз.

Македонски



