Skip to main content

Земјотрес со магнитуда од 4 степени утрово ја стресе Грција, почувствуван во Битола и Охрид

Freepik

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово во 08 часот и 47 минути е регистриран на територијата на соседна Грција, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 140 километри југозападно од Скопје.

Потресот бил почувствуван во Битола, Охрид и нивната околина, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека граѓаните кои го почувствувале земјотресот можат да пополнат прашалник за почувствуваност, кој е важен за сеизмолошките истражувања.

Прашалникот е достапен на следниот линк: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici

Граѓаните можат да се јават и на телефонскиот број 112.

Поврзани вести