
Македонската репрезентација во традиционално карате на 28 ноември, во полскиот град Лоѓ ќе настапи на ИТКФ Интернационалниот куп, на кој ќе натпреваруваат над 800 каратисти од повеќе европски држави.
Македонските бои ќе ги бранат девет каратисти во четири возрасни категории.

Во кадетска конкуренција ќе настапат Камелија Недев и Софија Јарчевска, а во јуниорска Матеј Мангаровски. Матеј Јарчевски ќе настапи во младинска конкуренција, а Филип Недев, Тадеј Недев, Миле Спанџев, Миа Шаф и Марко Богатинов ќе се натпреваруваат во категоријата деца.
Како што соопшти Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), сите наши натпреварувачи ќе настапат во поединечна конкуренција во дисциплините ката и кумите.

Македонски



