Skip to main content

„Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски, вечерва премиерно во МНТ

Македонскиот народен театар (МНТ) вечер премиерно во 20 часот ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски.

Улогите ги толкуваат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.

Авторскиот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански. Асистент на режисерот е Звездана Ангеловска, асистент на сценографот Мартин Манев, а асистент на костимографот Никола Булески.

Извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен, организатор е Тадеа Павловска, инспициент Александар Рајковски, а суфлер Мирослав Атанасовски.

По премиерата, претставата ќе биде на репертоарот на МНТ и на 1, 4 и 29 декември.

Поврзани вести