Skip to main content

Во среда во Охрид започнува манифестацијата ,,Прличеви беседи“

Програмата започнува во среда, 5-ти февруари, од 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон, од 12:00 часот на малата сцена започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. Настап ќе има градскиот хор „Вокс Лихнидос“, обраќања на претставник на Центарот за култура и Општина Охрид претставување на наградената поема „Никогаш пред ил’ потем“, артистичка изведба на поемата, врачување на Повелбата за најдобра поема за 2024 и свечено обраќање на лауреатот Андреј Ал-Асади.

Од 11:30 часот во Спомен куќата на ловороносецот ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ во рамки на кои ќе биде изведена песната „1762 лето“ – Влатко и Силви Плевнеш. Свое обраќање ќе има претставник на Општина Охрид, ќе бидат врачени два примероци од книгата „Малиот принц“ од Антоан де Сент – Егзипери, отпечатена во Брајово писмо, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението за слепи лица од Охрид, како и врачување на наградите на провонаградените литературни творби на литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“. По ова предвидено е читање на наградените литературни творби и промоција на книгата „Охридските писатели во книжевната критика“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев пред градската библиотека „Григор Прличев“, по што ќе се обрати Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија.

Од 13:00 часот во Прличевата одаја на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи „Прличева визита“. Ќе биде прикажано видео интервју „За Прличев“ со проф.д-р Георги Сталев –Поповски, ќе следи „Ние и Прличев“, беседа на проф.д-р Александра Ѓуркова. Ќе биде прогласен добитникот на наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за 2025 од распишаниот конкурс на тема „Чувај се себеси“, обраќање на добитникот на наградата Ева Ивановска и културно –
уметничка програма.

На 6-ти февруари во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, во 11.00 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.
Програмата ќе заврши со свечена приредба по повод патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличе

Поврзани вести