
Колку вреди вистината кога некој е подготвен да плати за да ја сокрие?
Бодан е искусен новинар кој добива компромитирачка снимка поврзана со корумпиран политичар. Набргу, во приказната се вмешува човек чија задача е да го купи неговото молчење. Но, обидот да се открие вистината ги вовлекува сè подлабоко во мрежа од политички интереси, корупција, уцени и закани. Она што започнува како новинарска приказна прераснува во напнато патување низ свет во кој секој има своја цена, а молчењето понекогаш изгледа како единствениот излез.
Политички трилер со елементи на црна комедија, за вистината, моќта и личниот интегритет во општество каде границата меѓу политиката, криминалот и медиумите одамна е избришана.
Режија: Срѓан Јаниќијевиќ
Времетраење: 110 минути
Овој четврток, 26.11.2026
20:00 часот
Филмски институт ФИОФА – Охрид
Влезница: 200 денари (само на влез)
Кино Четврток – Volume 2.

Македонски




