
Поранешниот вицепремиер за економски односи во последната влада на СДСМ и некогашен потпретседател на партијата, Фатмир Битиќи повторно ќе биде потпретседател на социјалдемократите, откри претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за „4ТВ“.
Ќе имаме потпретседател, Фатмир Битиќи, кој е Албанец, рече Филипче во интервјуто, велејќи дека концептот „Едно општество за сите“ останува во СДСМ.
Според Филипче, етничката припадност не треба да биде мерило за вредноста и способностите на човекот, сепак нагласи и дека партијатата има и член Албанец во Извршниот одбор, како и пратеник од влашката заедница.
Битиќи си даде оставка по поразот на изборите во 2024 година.
Вчера беше во друштво на поранешниот претседател на партијата и најдобар пријател на Филипче, Зоран Заев:

Македонски




