Skip to main content

Му преседна швалерисувањето: Швајштајгер на Ана Ивановиќ ќе и плаќа половина милион евра годишно

Судот во Мајорка му наложи на Бастијан Швајнштајгер да ѝ плаќа на Ана Ивановиќ 45.000 евра месечно за издршка на нејзините три сина, односно 540.000 евра годишно.


Ана Ивановиќ го задржа старателството над децата и куќата на Мајорка, а судот ги зеде предвид нивните трошоци и животниот стандард при одлуката.


Иако ја заврши својата професионална кариера во 2019 година, Швајнштајгер нема причина да се грижи кога станува збор за финансиите. Еден од неговите главни извори на приход денес е неговата вклученост во германската телевизија ARD, каде што работи како експерт за фудбалски консултант од 2020 година.


Сепак, поголемиот дел од богатството, кое неофицијално се проценува на помеѓу 60 и 70 милиони евра, е стекнато за време на брилијантна фудбалска кариера.

Поврзани вести