
Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ќе претстојува во посета на Општина Струга, каде што ќе биде пречекан од градоначалникот Менди Ќура, соопшти општинската прес-служба.
По средбата во зградата на Општина Струга, според најавата, предвидена е прошетката низ Струга и посета на село Ливада.
Во рамките на посетата, од Општина Струга информираат дека не се предвидени изјави за медиумите ниту прес-конференција.

Македонски




