Skip to main content

Мицкоски за опозицијата: Се лепат до секоја семејна расправија, секаков инцидент и како ситни профитери се обидуваат да стекнат политички поени

Сакам да одговорам на една последна интенција која ја создава опозицијата. Тоа е нивната јасна намера надежта да биде убедена преку море дезинформации и креирање на наслови и вести кои мора да создаваат дефетизам, рече на денешната 35. годишна конференција на Унијата на млади сили претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски.

Мудрите велат каква ти е душата, такви ти се мислите. Сакам да предупредам на една активност на опозицијата и нивните блиски структури на ширење на дефетизам. Немаат програма, немаат идеи, туку се посветени на рушење и во тотална безидејност. Повторуваат дека е од лошо полошо и секој успех сакаат да го претворат во неуспех. Се лепат до секоја семејна расправија, секаков инцидент и како ситни профитери се обидуваат да стекнат некакви политички поени, рече Мицкоски.

Погледнете, додаде тој, како дезинформираат и манипулираат со последниот случај со Алта банка која е всушност увезен проблем затоа што мајката банка во Србија пропадна.

Среќа во очите им излегуваше што мислеа дека ќе пропадне банката и луѓе ќе загубат пари. Притоа многу лесно го заборавија случајот со Еуростандард банка каде луѓето вистински загубија пари преку свесно и намерно обезвреднување на капиталот на банката. Притоа директно ме нападнаа дека јас нешто наводно сум догварал, а тие самите години наназад започнале деловни односи со Алта Банка Србија за што покажав и документи. Па потоа почнаа да шират информации и делат обвинувања дека наводно можел да ја купи банката некој криминалец. Морам да им кажа дека ќе останат разочарани, а граѓаните задоволни. Банката ќе се спаси. И парите ќе останат достапни за граѓаните. Жална вест за опозицијата, добра и среќна за Македонија, порача Мицкоски.

Им порача дека тоа е нивна работа, а неговата е да се бори за граѓаните.

Светот се соочува со тешки кризи, но Македонија прилично успешно се справува со тој момент. Мораме да бидеме свесни дека цените на бензините, цената на струјата, и останатите енергенси е со 20, 30 па дури 50 % повисока од сите држави во регионот и пошироко. Сепак во едни такви услови се бориме за силен економски раст кој е меѓу најдобрите три во Европа. Со зауздана инфлација меѓу најниските во Европа. Така и ќе продолжиме. И нема да ја чекаме опозицијата која не ни репер, им порача Мицкоски.

Поврзани вести