Skip to main content

Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Утре (22 ноември), со почеток во 16 часот, во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода ќе се одржи 35-тата годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“.

На конференцијата свои обраќања ќе имаат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, како и претседателот на Унијата на млади сили на партијата, Тодор Конески.

Настанот е посветен на годишната конференција на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ.