
Доколку барате природен начин за да го намалите нивото на шеќер во крвта, ова е за вас.
Дали сте знаеле дека лимонот и целерот се преполни со витамини што му годат на организмот, а кога на сето тоа ќе се додаде и лавров лист, се добива природен лек, кој ќе ви помогне да го намалите шеќерот во крвта?
Секоја состојка има свои предности и позитивно влијае врз организмот, а кога ќе се спојат, тоа е добитна комбинација. Земајте по една лажица секое утро, а можете да го користите 2 месеца.
Оваа комбинација е одлична за дијабетичари, но и за сите оние кои внимаваат на здравјето.
Состојки:
400 г целер
4 лимона
4 лаврови листа
Приготвување:
- Исцедете лимон и изрендајте целер.
- Во тенџере ставете го целерот, прелејте го со лимонов сок и гответе го на пареа еден и пол час на ниска температура.
- Потоа, додајте лавров лист и гответе уште 10 минути.
- Извадете го лавровиот лист и оставете да се олади.
- Префрлете во тегла.
- Чувајте го во фрижидер.

Македонски




