Skip to main content

Пожар избил на Ортопедија во ГОБ „8 Септември“

Избил пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, кој е локализиран и нема опасност да се прошири на другите катови во болницата, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопштија до ЦУК пожарот бил во внатрешна просторија во одделенеито за ортопедија.

Преку Е-112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ). Од страна на БППЗ е потврдено дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење, велат од ЦУК.

Поврзани вести