Skip to main content

Изложба „Спомени од сцената…“ посветена на главната изведувачка во „Принцеза Ружа“ – првата детска опера во Македонија

Во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија ќе биде отворена изложбата „Спомени од сцената…“, посветена на главната изведувачка во првата детска опера во Македонија – „Принцеза Ружа“ од 1924 година.

Изложбата се организира по повод 115 години од раѓањето и 35 години од смртта на уметницата, а преку досега необјавени фотографии и историски документи првпат ќе биде претставена нејзината животна и сценска приказна.

Авторка на изложбата и научен истражувач е проф. д-р Наташа Диденко од Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а промоторка ќе биде проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, исто така од Институтот за национална историја.

Според организаторите, изложбата произлегува од ново научно истражување од областа на македонската музичко-сценска историја и претставува обид за реконструкција на дел од културното наследство што досега било недоволно познато за научната и пошироката јавност.

Поврзани вести