Skip to main content

Тројцата лидери се сложија дека нуклеарна војна не смее да има

Во Шенџен заврши трилатералната средба помеѓу претседателите на Кина, Русија и САД – Шји Џјинпинг, Владимир Путин Доналд Трамп. Засега нема потврда дека на средбата е постигнат конкретен договор.

Шји, Путин и Трамп разговараа за Украина, нуклеарното разоружување и глобалната безбедност.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг издадоа заедничка изјава по историскиот трилатерален состанок во Шенжен, Кина. Тие се согласија да соработуваат за реформирање на Обединетите нации, за зголемување на снабдувањето со нафтени производи и за намалување на нуклеарните ризици.

Лидерите на трите суперсили се согласија за 4 прашања:

принтскрин

1. Реформа на ОН: Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина се обврзаа да промовираат реформа на организацијата за да може поефикасно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата фундаментална мисија за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

2. Нафта и енергија: Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи во корист на сите земји. Тие, исто така, ја потврдија важноста на стабилното снабдување со енергија.

3. Меѓународен кривичен суд: Тројцата претседатели нагласија дека принципот на државна согласност и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од најголема важност. Тие рекоа дека МКС и слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност.

4. Нуклеарно оружје: Тие потврдија дека никој не може да победи во нуклеарна војна и дека таква војна никогаш не смее да се води. САД, Кина и Русија ќе го продолжат дијалогот за намалување на нуклеарните ризици и за спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

Рускиот претседател Владимир Путин по состанокот изрази задоволство од трилатералната средба.

Не мислам дека некој очекуваше да помине толку добро – му рече Путин на Си по завршувањето на разговорот.

Потоа Путин накратко разговараше со кинескиот претседател, се ракуваше со него и ја напушти резиденцијата во официјална поворка.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, даде позитивна оценка за состанокот, велејќи дека атмосферата за време на разговорите била „многу добра“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, ја напушти Кина брзо по заврпувањето на трилатералната средба и полета кон САД.

Поврзани вести