
Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, ваква пријава поднела мајката во полицијата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
На 18.11.2026 во 22:30 часот во ОВР Кавадарци, Е.К.(35) од Кавадарци пријавила дека на 16.11.2026 на улица Сремски Фронт во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била нападната од други две малолетнички, од кои едната ја држела, а другата ја горела со цигара. Известен бил јавен обвинител, Центар за социјални работи Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на настанот – соопштија од СВР Велес.

Македонски




