Skip to main content

УКИМ должи пола милион евра за струја, ЕВН им даде рок до 20 ноември, во спротивно пак ќе ги исклучи факултетите

Повеќе факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и зградата на Ректоратот вчера останаа без електрична енергија поради неплатени сметки кон ЕВН. Без струја беа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет.

Долгот на институциите изнесува околу половина милион евра, при што најголемиот дел од неплатените обврски се однесуваат токму на факултетите. По неколку часа и постигнат договор, снабдувањето со електрична енергија беше нормализирано, но ЕВН постави услов за продолжување на испораката – долгот да биде подмирен до крајот на работната недела.

Од ЕВН им оставиле рок до петок на факултетите и Ректоратот да ги платат неплатените сметки.

Доколку тоа не се случи, повторно се заканува исклучување од електричната мрежа.

Проблемот со неплатените сметки не се однесува само на факултетите. Исклучувања на електрична енергија во наредните денови не се исклучуваат ниту кај културните институции, а опасност од прекин на снабдувањето има и кај Пошта.

Поврзани вести