Skip to main content

ЕВН им посака добредојде на новите стипендисти

ЕВН Македонија им посака добредојде на новите стипендисти.
Задоволство ни е да им посакаме добредојде на 10 успешни студенти од различни студиски програми ширум земјата, кои се издвојуваат со својата посветеност, амбиција и одлични академски достигнувања.
Во просториите на компанијата, стипендистите беа пречекани од членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Јирген Флајшхакер и Игор Гиевски, заедно со Фисник Осеку, Прокурист и Раководител на Човечки ресурси и организација, како и тимот за Регрутација и брендирање на работодавач, кои споделија корисни информации за компанијата и ја истакнаа важноста од инвестирањето во млади таленти и поддршката на следната генерација професионалци.
Ова е почеток на ново професионално поглавје за нашите стипендисти. Преку програмата за стипендирање и претстојните можности за пракса, ќе им овозможиме да стекнат нови знаења и практично искуство во директен контакт со работната средина. Веруваме дека тоа ќе им помогне полесно да го препознаат својот потенцијал и да го претворат во идни професионални успеси.
Со нетрпение очекуваме да ги слушнеме нивните свежи идеи, да го споделиме нашето знаење и да растеме заедно, објави ЕВН на социјалните мрежи.

Поврзани вести