Skip to main content

Полициска потера ноќва од Хиподром кон Илинден заврши со слупано возило

Ноќва во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило, управувано од Т.А.(23) од скопско, а при преглед во возилото била пронајдена марихуана.

Потоа, според пријавеното Т.А. го стартувал возилото и удрил полициски службеник по што се дал во бегство по стариот пат од нас.Хиподром кон нас.Илинден. Притоа, кај место викано „Пуста кула“ удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое од ударот се поместило и удрило во ограда, по што  бил лишен од слобода од полициски службеници, соопштија од МВР.

Додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести