
Игор Дашковски Стојановски (44), кој ги запали двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје, е осуден на осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра.
Тој беше прогласен за виновен за кривичното дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита, откако претходно ја призна вината пред судот.
За време на судската постапка, Дашковски Стојановски изјавил дека сам донел одлука да ги полие дипломатските автомобили со бензин и да ги запали. Настанот се случи на 15 јуни годинава, кога беа опожарени двете возила на Бугарската амбасада во Скопје.
Случајот предизвика остри реакции од македонските власти и дополнително ги заостри односите меѓу Скопје и Софија, како и политичката реторика меѓу двете земји.
Со изрекувањето на затворската и паричната казна, судот ја донесе пресудата за случајот што предизвика големо внимание во јавноста.

Македонски



