Skip to main content

Принцот Вилијам: Не смееме да дозволиме климатските промени да ја уништат нашата планета

Video Screenshot

Британскиот принц Вилијам порача дека последиците од климатските промени веќе се очигледни, упатувајќи оптимистичка порака дека активностите за нивно справување би можеле да влијаат позитивно.

За време на доделувањето на наградите „Earthshot“ во Мумбаи, тој истакна дека последиците од глобалното затоплување стануваат сè поочигледни, за кое сведочат зачестените топлотни бранови и разорни поплави.

Не можеме да ја погледнеме следната генерација во очи и да ѝ кажеме дека знаевме што се случува, а не направивме сè што беше во наша моќ за да го промениме тоа. Тие нема да нè оценуваат според ветувањата што сме ги дале, туку според она што ќе го оставиме зад себе. Заслужуваме генерација која е подготвена да дејствува итно, одлучно и со оптимизам“, кажа Вилијам.

Наградата „Earthshot“, со која победниците добиваат по еден милион фунти за проширување и унапредување на нивните проекти, е основана пред шест години од 44-годишниот британски принц, со цел да се најде соодветен начин за справување со климатските промени. 

Поврзани вести