Skip to main content

Според „Речникот на Кембриџ“ збор на годината на 2026 е „човек“

Фрипик

„Речникот на Кембриџ“ го прогласи зборот „човек“ (human) за збор на 2026 година, истакнувајќи дека развојот на вештачката интелигенција поттикнува нов интерес за тоа што ги разликува луѓето од машините.

„Речникот“ го дефинира поимот „човек“ како: поседување квалитети, недостатоци и чувства својствени за луѓето – коишто го разликуваат од боговите, животните или машините, објави денеска британскиот весник „Телеграф“. Лексикографот одговорен за „Речникот“, Колин Мекинтош изјави дека ВИ го менува начинот на којшто луѓето дискутираат за сопствената природа и поттикнува преиспитување на нашата зависност од технологијата.

Тоа е промена, се вели, што се забележува кај сите – од математичари до наставници.

Поврзани вести